Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Долгогодишната секретарка на членовите на групата „Битлси“ и шеф на нивниот фан клуб, Фреда Кели која за британскиот бенд работеше повеќе од една деценија, никогаш со јавноста не ги подели приказните кои ги знае.
Се досега, кога го прекина молчењето со документарецот „Good Ol'Fred“.
Овој документарен филм имаше премиера на Филмскиот фестивал во Остин.
Тоа е класична приказна за Пепелашка, девојката која ја најде работа на својот живот, изјави режисерот на документарецот Рајан Вајт.Во филмот може да се слушнат четири нумери од овој бенд, за што беше потребно одобрение од многу луѓе, како и двајцата живи членови од групата „Битлси“, како и фотографии кои до сега никогаш не се видени во јавноста.Документарниот филм е наречен „Good Ol'Freda“ затоа што на божиќното снимање во 1963 година членовите на бендот и се заблагодариле на нивната секретарка викајќи во глас „Добра стара Фред“ (Good Ol'Freda).- Не знаев дека таа има луда приказна, рече Вајт, додавајќи дека тоа го открил кога еден пријател ги запознал пред две години.Кали, која е во доцните 60-ти рече дека сакала да ги забележи своите приказни за нејзиниот двегодишен внук. Таа имала 17 години кога почнала да работи со бендот, и немала намера да го изнесува „валканиот веш“ и да зборува непријатни работи за поранешните претпоставени, па Вајт се фокусирал на нејзиниот личен однос и интеракција со „Битлси“.Таа им ги средувала книгите и документацијата, плаќала сметки и останувала будна со ноќи за да одговори на писмата на обожавателите. Во времето на „Битлманија“ бендот добивал две до три илјади писма дневно, рече таа.- Фред беше како дел од семејството, изјави Ринго Стар во филмот.Кали го затворила фан клубот „Битлси“ кога бендот се распадна, земајќи ги со себе кутиите со автограми, фотографии и сувенири. Таа не ги продавала, туку им ги давала на фановите, изјави Вајт.Кели на премиерата рече дека направила се што можела за фан клубот на тој бенд.- Бев една од нив. И јас бев обожавател, изјави Фреда Кели.