Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
После големиот успех со последниот филм, Сем Мендез би требало да биде повторно режисер и „кривец“ и за следниот филм за најпознатиот таен агент во светот.
Последниот филм за тајниот агент 007, Џејмс Бонд, со наслов „Skyfall“ доживеа вистински успех низ светот. Па затоа продуцентите ќе се потрудат да го задржат истиот тим и за другите делови од овој серијал.
Веќе е потврдено дека Џон Логан, повторно ќе го направи сценариото за 24-от филм за Џејмс Бонд, но изјави дека е можно новата приказна да дојде во два дела.
Медиумите изјавуваат дека Сем Мендез е многу заинтересиран за повторно да режира филм за Бонд, со што само се потврдува дека очигледно, тимот ќе остане ист, со што може да очекуваме уште еден добар филм за овој агент.