Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На големите обожаватели на серијалот Сексот и градот, новите вести особено ќе им се допаднат затоа што, иако беше најавено дека приказната е завршена, очигледно Кери Бредшо не се согласува со таквиот крај на настаните.
По хит серијата и двата филма, сагата за четирите жени од Њујорк и нивните врски, ќе добие уште едно продолжение, а сето тоа е најавено од страна на актерката Сара Џесика Паркер.
Во последниот филм, снимен во 2010 година, Кери и Ѕверка одвај се смирија откако таа се бакнуваше со Ејдан, а во третиот филм, тие наводно ќе станат родители.
Рековме дека завршивме, меѓутоа остана една важна приказна да се раскаже и се надевам дека наскоро ќе имаме можност да ги израдуваме фановите со продолжение-вели Паркер.
Додека првиот филм е добро прифатен, вториот заработи многу критики и истиот не наиде на воодушевување ниту кај најголемите фанови на серијата.
На благајната од киносалите филмот заработи една третина помалку од првиот дел, но сепак, истиот беше најгледана романтична комедија за 2010 година.