Шерил Кол во третото продолжение на „Мамурлук“
03.10.2012 09:43
| KumanovoNews
Британската пејачка Шерил Кол е една од ѕвездите која ќе се појави во последното продолжените на филмскиот хит „Мамурлук“, пренесуваат британските медиуми.

Актерот Зак Галифианакис потврди дека гостувањето е договорено со Шерил, но не откри за каква улога станува збор.
Во првиот „Мамурлак“, момците „жареа и палеа“ по Лас Вегас, во вториот отидоа на Тајланд, а во третиот ќе се вратат на „местото на злосторот“ од првиот дел - „градот на гревот“, но ликот на Галифијанакис ќе се обидат да го извлечат од душевна болница.