Мени

Шерон Стоун: Задоволна сум од својот изглед

15.07.2012 09:39 | KumanovoNews

Актерката Шерон Стоун (54) изјавила дека сега изгледа подобро од кога имала дваесет години и сега момчињата почесто ја викаат на состаноци.

Шерон Стоун: Задоволна сум од својот изглед

Холивудската убавица која е во врска со дваесетиседум годишниот манекен Мартин Микон е свесна за својата убавина, тоа го потврдила во интервјуто за британскиот магазин „ОК“.

Дали навистина изгледам добро, или тоа само го мислам под влијание дека стареам? Со оглед на тоа дека дваесетипетгодишни момчиња ме покануваат на состаноци, да, сега изгледам подобро-изјавила актерката.

Шерон додала и дека луѓето не го ценат изгледот насекаде во светот.

Надвор од Америка луѓето многу малку внимаваат на својот изглед, освен ако имате 15 години и лажен потемнет тен. Тогаш не смеете да носите бикини-додала актерката во шега.