Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Северина одбила Милан Поповиќ да и отплати долг за стан бидејќи смета дека по разводот ќе добие повеќе.
Северина Вучковиќ земала големи кредити за купување на куќа и станови, па сега бара бизнисмен кој ќе и помогне да го отплати долгот, пишуваат хрватските медиуми. За око на атрактивната Хрватица и западнал бизнисменот Лука Рајиќ кој неодамна се развел.
Според истите извори Севе во последните 10 години од банките зела 800 000 евра кредити за да купи два луксузни стана и куќа на море. Нејзиното поранешно момче Поповиќ и понудил да го отплати долгот и да и дава уште 10.000 евра месечно за издршка на неговиот син Александар додека се школува.
Понудата пејачката ја одбила, а од висината на алиментацијата е задоволна, тврдат порталите.