Северина најавува спектакулерен концерт во Скопје
01.04.2013 12:28
| KumanovoNews
Хрватската поп звезда Северина на 13 април ќе одржи концерт во Скопје.

На концертот ќе го промовира нејзиниот нов албум „Добредојде во клубот “. Северина најавува шоу во 4 чина, со 28 нови и стари песни. Ќе соработува со тим од 45 члена, кој се состои од танчери, стилисти, кореографи, продуценти, техничари и режисери. Покрај нив со Северина ќе пристигнат и нејзинот сопруг Милан Поповиќ и синот Александар.
Концертот ќе се одржи во салата „Борис Трајковски„, со почеток од 20.30 часот, кој се најавува дека ќе трае 3 часа.