Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Манекенката Хајди Клум по седум години брак се разведува од пејачот Сил. Никој не го очекуваше ова. Секогаш изгледаа среќно и насмеано.
Манекенката како причина за развод на суд ќе ги наведе непомирливи разлики. Документите ќе ги поднесат во текот на следната недела на судот во Лос Анџелес. Тие двајца се венчаа во мај 2005 година и секоја година ги обновуваа заветите на раскошна церемонија.
Имаат три заеднички деца – шест годишниот син Хенри Гунтер, петгодишниот Јохан Рајли и тригодишната ќерка Лу, а Сил ја посвои и Хелена, ќерката на Хајди од претходната врска.
„Црното чоколадо“, Сил по сè изгледа не е толку безопасно како што изгледа. Откако и официјално е покрената бракоразводната постапка, американските таблоиди дознаваат дека пејачот сака да земе половина од богатството на Хајди Клум, кое е проценето на повеќе од 70 милиони долари. Иако парот има потпишано предбрачен договор, британскиот пејач сега сака буквално да ја „исцица“ поранешната сопруга.
Нема образ. Покажа колку е дволичен. Алчен е и сега сака да ја искористи, откриваат нејзините пријатели.
Адвокатот на Клум се плаши дека американските закони ќе му го уважат барањето со тоа што германскиот супер модел ќе треба да му исплати на Сил сума од околу 35 милиони долари.