Мени

Синди е најуспешната и најубавата манекенка

29.07.2012 09:37 | KumanovoNews

Иако на модната писта за прв пат зачекорила пред речиси 30 години, убавата Синди Крафорд (46) во историјата на светското моделирање ќе остане запишана како една од најуспешните и најубавите манекенки некогаш.

Синди е најуспешната и најубавата манекенка

За септемвриското издание на магазинот “Tatler” покажа и зошто.

По многу долго време убавата Синди е повторно на насловната на светските таблоиди, не поради скандали, туку поради изгледот со кој сеуште плени.

Еднаш сакав да се пензионирам,но не успеав да издржам. Ја сакам својата работа-вели Синди.

Совршената линија успева да ја одржи “трчајќи по децата”, со редовно вежбање, здрава исхрана и најважно од се – редовен секс.

Познатата манекенка по разводот со Ричард Гир во 1995 година, се омажила за Реди Гербер со кого има две деца.

Покрај грижата за децата, Синди е многу успешна и деловна жена, сопственик на неколку компании кои се занимаваат со мабел, козметика, облека…а нејзиниот сопруг управува со повеќе ноќни клубови.