Мени

Синот на Северина богаташ

02.03.2012 10:19 | KumanovoNews

 Александар, синот на познатата хрватска пејачка Северина и српскиот бизнисмен Милан Поповиќ, стана најбогатиот наследник на просторите на поранешна Југославија.

Синот на Северина богаташ

 Само во недвижен имот, кој го навеле хрватските новинари, неговите родители му обезбедиле 5.821.192,05 евра.

Пејачката и српскиот бизнисмен имаат станови, вили и земјиште во Америка и Кипар, така што нивниот наследник ќе може слободно да избере каде ќе живее.

И покрај тоа што на објавените фотографии се гледаат бурми на раката на Северина и Милан, што укажува на тоа дека тие се венчани, хрватските медиуми велат дека тоа ќе се случи на лето.

Недвижнини на Милан Поповиќ

• вила во Мајами- 1.920.529,80€

• вила на Кипар - 1.192.052,98€

• салаш на Чанеј - 490.066,225€

• стан во Белград - 1.490.066,23€

• стан во Загреб - 397.350,993€

• стан во Сплит - 331.125,828€