Сите сопруги го напуштаат кога ќе наполнат 33 години
И откако и официјално е потврдено дека Том Круз и Кејти Холмс се разведуваат, станаа топ тема низ медиумите, кои ја обелоденија и информацијата дека сите бракови на Том Круз завршиле кога неговите партнерки наполниле 33 години.

Всушност, Том Круз со својата прва сопруга, актерката Мими Роџерс се венчал во 1987 година, а три години подоца се развеле кога Мими имала 33 години.
Бракот со Никол Кидман траел три пати подолго, и по 10 години на нивната љубов и дошло крај, односно поточно во 2001 година кога Никол имала 33 години.
Истата приказна се повторува и со Кејти Холмс. Кејти во својата 33 година, после шест години брак сфатила дека не може да го поднесе неговото однесување. Нивни близок пријател изјавил како Кејти едноставно пораснала и повеќе не гледа низ розовите очила.