×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Скандалите на Траволта му донесоа развод

    28.05.2012 09:01 | KumanovoNews

     Неодамнешните обвинувања за сексуален напади на неколку масери не се крај на скандалите кои го следат познатиот актер.

    Скандалите на Траволта му донесоа развод

    Реномето на Џон Траволта на примерен семеен човек, татко и маж е разнишано со информации и фотографии објавени во медиумите, кои се чини дека укажуваат токму на спротивното. Како резултат на тоа неговата сопруга Кели Престон одлучила да стави крај на заедничкиот живот.

    Списанието „Нешнал инквајерер“ објавило фотографии од 58-годишниот актер облечен во бел фустан, со накит и женска перика и со напомена дека сето ова не е филмски костум. Станува збор за фотографии снимени во 1997 година на приватна забава на која присуствувал и Џон, кој тогаш веќе 6 години бил во брак со привлечната колешка Кели Престон.

    „Со години Кели беше маска за тајниот живот на Џон. Смртта на синот Џет беше тешка трагедија и двојката не можеше да се соочи со загубата и проблемите. Сега таа е толку засрамена, што не сака да го преживува овој скандал. Покрај тоа и нивната ќерка Ела и нивниот син Бенџамин ќе мораат да се соочат со потресните сознанија за нивниот татко”, раскажал неименуван извор за „Дејли меил“.

    Објавувањето на овие фотографии ја преполнило чашата полна со семејни трагедии, тајни, срам и сѐ почесто споменување на сексуалната ориентација на Џон, така што Кели му соопштила на својот сопруг дека сака развод.