Скарлет Јохансон ќе добие 70.000 долари отштета
28.06.2012 07:56
| KumanovoNews
Актерката Скарлет Јохансон ќе добие отштета од 70.000 долари од Кристофер Чејни, хакерот, кој и ги украде фотографиите од нејзиниот компјутер, на кои актерката е гола. Јохансон го тужеше Чејни по основа на нејзина загрозена приватност.

Судењето е закажано за 23 јули. Сумата што Јохансон ја бара од него е 66.719 илјади долари. Истиот хакер упадна и во компјутерот на Кристина Агилера. Но таа доби поскромна сума пари, 7.500 евра.
Хакерот овој пат најверојатно ќе заврши во затвор и би требало да добие казна од 71 месец.
Досега хакирал компјутери на 51 позната личност.