×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Скарлет Јохансон ја активира музичката кариера

    28.02.2013 10:16 | KumanovoNews

    Неодамна во шоуто „Кај Кели и Мајкл“ популарната aктерка Скарлет Јохансон раскажа за своите планови околу започнување на музичка кариера.

    Скарлет Јохансон ја активира музичката кариера

    Јас сум дел од групата One and Only Singles која ја сочинуваат неколку девојки– изјави таа.

    Групата на Јохансон е далеку од славата и престижните награди на Spice Girls, но, сепак, таа без лажна скромност веќе ја нарекува супер – сила на музичкото небо.

    Музичкиот талент актерката го демонстрираше уште на почетокот на својата актерска кариера и тоа во филмот „Изгубени во преводот“, а во 2008 година го издаде својот деби албум под наслов I Lay My Head.

    Годинава нејзината песна за документарниот филм „Chasing Ice“ беше номинирана за престижниот Оскар, но сепак статуетката ја однесе Адел за „Skyfall“ .

    Ова е навистина забавно, никогаш не ни помислував дека мојата нумера ќе биде номинирана за Оскар, рамо до рамо со Адел. Композиторот на музиката која ја пеев е мој драг пријател, а самиот филм е прекрасен- изјави Јохансон.