Мени

Скарлет Јохансон во една од најпознатите филмски сцени во историјата

11.10.2012 11:00 | KumanovoNews

Веројатно нема човек кој не знае за култната сцена под тушот во филмот "Psycho" на Хитчкок, но се сеќавате ли и на актерката?

Скарлет Јохансон во една од најпознатите филмски сцени во историјата

Улогата на престижната актерка Џенет Лај, која беше "убиена" во популарната сцена во филмот "Psycho", сега ја доби атрактивната холивудска актерка Скарлет Јохнасон. Изборот токму Јохансон да го толкува овој лик се покажува како добитна комбинација, не само поради тоа што нејзините славни облини одговараат на профилот на поранешните холивудски убавици, туку и поради зачудувачката сличност со Џенет Леј.

Беше вистинско изненадување тоа што Скарлет успеа да ја замени Џенет! Го направи тоа на толку непредвидлив начин, на кој никој не се надеваше! Кога ја снимавме сцената со Скарлет зад воланот и ја споредивме со Џенет зад воланот, едноставно беше страшно-изјавил режисерот Саша Герваси.

Во видеото во продолжение можете да го погледнете официјалниот трејлер за филмот и да се уверите во неверојатната сличност поради која продуцентите се наежиле, а филмот во киносалите пристигнува кон крајот на ноември.