Мени

Скопски фестивал 2013

04.11.2013 14:11 | KumanovoNews

На 12 ноевмри по повод Ослободувањето на Скопје, со почеток во 20.30 часот ќе се одржи Скопскиот фестивал за 2013 година.

Скопски фестивал 2013

Ќе бидат изведени вкупно 20 песни, придружувани со вкупно 54 врвни музичари, а водител на сцената во Македонската опера ќе биде музичарот Васил Зафирчев.

Музичките нумери се селектирани од меѓународниот музички конкурс и ќе бидат отпејани во живо во предвечерието на Денот на Ослободувањето.

За најдобрите четири изведувачи ќе следува богата парична награда.

На сцената ќе настапат познатите пејачи Јана Бурчевска и Мики Секуловски, Верица Пандиловска, Ламбе Алабаковски, Ристо Самарџиев, Димитар Андоновски, Емил Арсов со Тончи Хулиќ, Стефан Чепишевски, Елена Ристевска и Ѓоко Таневски.