Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Слаѓа Делибашиќ, поранешна пејачка на групата Џогани, утревечер (сабота) гостува во клубот „Инфинити“ во Куманово.
Атрактивната балканска пејачка ќе настапи со две танчерки, кои саботната вечер ќе ја направат незаборавна.
Забавата започнува во 22 часот, а картите веќе се пуштени во продажба по цена од 100.
Клубот „Инфинити“, се наоѓа на улицата „Иво Лола Рибар“ бр.128, на локацијата на поранешната дискотека Лоли Поп.
По примерот на светските клубови и во „Инфинити“ од четврток до недела организира журки со познати ѕвезди, модни ревии, латино забави, машки и женски стритиз и многу други изненадувања за гостите.