Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Деновиве заврши снимањето на официјалниот спот за песната „Пред да се раздени“, со која Есма и Лозано ќе ја претставуваат Македонија на „Евросонг 2013“ во Малме, Шведска
Видеозаписот е снимен во студиото „М2“ на МРТ, а го режираше Владимир Митревски-Ѓуле. Изборот на сценариото го направи продукцијата „План Б“ од неколкуте понудени идејни решенија. Реализираниот спот, чија монтажа е во тек, е симпатична, урбана приказна, која соодветствува со содржината на евровизиската песна што ја исполнува нашиот евровизиски тандем.
По неодамнешниот настап во Амстердам во преполниот „Ер клуб“, Есма и Лозано почнаа со пробите за „Евровизија“. Тие пробуваат двапати дневно, а работат и на сценскиот настап и на изборот на гардеробата за Малме. Според најавите на евровизиската делегација на МРТ, најверојатно тие веќе нема да патуваат во други земји и максимално ќе се насочат кон подготовките за Шведска.