Мени

Со 19 операции до изглед на Супермен

11.09.2013 07:46 | KumanovoNews

Во јуни годинава филипинецот Херберт Чавез влезе во Гинисовата книга на рекорди како лице со најмногу Супермен-меморабили, со дури 1.253 примероци, чија колекција до ден денеска порасна на уште пет илјади.

Со 19 операции до изглед на Супермен

Филипинецот Чавез во последните 16 години потрошил околу 7 илјади долари и направил 19 пластични операции за да го добие изгледот на неговиот омилен филмски лик, Супермен.

Се чувствувам како херој кога ќе го облечам костимот. Мојата мисија е да ја вратам насмевката на лицата на децата во мојот град, а не да бидам херој кој ќе го спасува светот- изјавил Чавез.

Филипинецот самм ги правелл неговите костими, а во брзо време планирал и нова операција за буквално да стане двојник на неговиот посакуван филмски лик.