×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Со Даниела Мартиновиќ и Бојан Бјелиќ во 2013 година

    25.12.2012 14:30 | KumanovoNews

     Граѓаните на Куманово кои за Нова година ќе останат во Куманово, Нова година можат да ја дочекаат на Градскиот плоштад со познатите балкански ѕвезди Даниела Мартиновиќ и Бојан Бјелиќ.

    Со Даниела Мартиновиќ и Бојан Бјелиќ во 2013 година

    За оваа година изборот е Даниела Мартиновиќ и Бојан Бјелиќ. Тоа се две екстра ѕвезди. Даниела е попозната во однос на Бјелиќ, меѓутоа од она што го имаме како цв на овој пејач сметаме дека и за помладите и за постарите ќе биде извонредна понуда. Се надевам дека ќе имаме убаво и сите заедно ќе се забавуваме. Како секоја година точно во 12 часот ќе имаме огномет. Ги поканувам сите граѓани да излезат како што знаат, да ја направиме оваа вечер прекрасна - вели Жика Крстевски, раководител на сектор за култура во Општина Куманово.

    Тој објасни дека граѓаните на плоштадот излегуваат по 22 часот и затоа Бјелиќ ќе пее од 22 до 23 часот, а потоа ќе настапи Даниела Мартиновиќ. За дочекот ќе бидат потрошени милион денари.

    За одбележување на Нова година, во четврток напладне на Градскиот плоштад децата ќе го пречекаат Дедо Мраз од кој ќе добијат подароци. По тој повод ќе биде организирана едночасовна мултиетничка културна програма во која ќе има и настап на балетската група “Мак“.