Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Спилберг и Ди Каприо беа поканети на официјалната вечер заедно со уште 600 други гости.
Ѕвездениот повод бара и ѕвездена вечера каква што се потрудил да приготви мајсторот.
По отворањето на филмскиот фестивал на киното и проекцијата синоќа на Големиот Гетсби, во кој учествуваа Леонардо Ди Каприо, следеше фала вечера за која одговорноста ја сноси Ан-Софи-Пик, заедно со Бруно Огер.
Ан-Софи-Пик е едниствената жена готвач која е удостоена со три ѕвезди од "Мишелин".
Околу 22 часот синоќа филмските ѕвезди и гости на фестивалот побарале спас од силниот дожд под елегантното засолниште. Покрај мезето со јастози и ракчиња, наместо во чаши за мартини, ВИП гостите уживале во тенок слој кавијат, сервиран на парчиња.
Точно во полноќ како во приказните почна огномет над булеварот "Кроазет". Гала вечерата беше организирана од филмското студио "Ворнер" по повод проекцијата на "Големиот Гетсби".