×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Со песната "Империја" на Евросонг

    20.02.2013 09:25 | KumanovoNews

    Песната „Империја“ е  избрана како годинашен адут со кој Есма Реџепова и Влатко Лозановски ќе ја претставуваат нашата земја на Евросонгот во Малме,  потврдија од Македонската радиотелевизија.

    Со песната "Империја" на Евросонг

    Нумерата е на Симеон Атанасов,  кој ги направи музиката и аранжманот, и Борче Нечовски, кој се погрижи за текстот.

    Среќна сум што ќе ја претставувам Македонија со оваа песна, во која се пронајдов целосно. Таа е убава, динамична и брзо влегува в уво. Има и многу добар текст, особено ме одушевува насловот „Империја“. Со Влатко одлично се сложуваме како вокали и тоа дава посебен квалитет на песната и на нашата изведба-изјави Есма.

    Атанасов е син на Реџепова и творец на голем број нејзини хитови.

    Евровизискиот тим предводен од шефот на делегацијата, Љупчо Мирковски, на годинашниот национален евровизиски проект работеше интензивно околу два месеца. Според најавите на организаторот, деновиве ќе се реализира спот за евровизиската тема која премиерно ќе биде претставена на 27 февруари во едно од студијата на Македонската телевизија.

    Нашите претставници ќе пеат во второто евровизиско полуфинале, кое ќе се одржи на 14 мај во Малме, Шведска.