Мени

Сo Вера Јанковиќ започнуваат журките во „НА-МА“

26.03.2014 13:11 | KumanovoNews

Со настапот на Вера Јанковиќ во четврток започнува викендот во клуб „НА-МА“. Во петок свој настап ќе има DJ Чваре

Сo Вера Јанковиќ започнуваат журките во „НА-МА“

Јанковиќ е позната како еден од најголемите шоу водители, радио водител, пејачка, член на неколку бендови. Водител е на штипскиот фестивал „Мак-фест“.

Таа е еден од ретките женски диџеи во Македонија, а со оваа професија се занимава речиси 30 години.

Во петок свој сет во клуб НА-МА ќе има диџеј Чваре кој е попознат како диџеј на Тони Зен, а соработува и со Слаткаристика, Токсикологија, Легијата и други изведувачи во Македонија.

Неговата афирмација ја достигна како дел од локалната група Урбана Димензија.

Неговите настапи се исполнети со задоволни луѓе кои уживаат во звукот на хип-хоп, реге, фанк и џез, сублимиран во уникатен и несекојдневен микс.