Софија Манева се бори против турбофолкот
17.01.2013 10:40
| KumanovoNews
По подолга пауза пејачката Софија Манева се враќа на македонската музичка сцена со нов материјал.

Со насловната песна „Тишина“ од истоимениот албум таа повикува на колективно будење против турбофолкот. Нејзината втора песна насловена „Чудовиште“, која деновиве е пуштена во етерот, на посебен начин ја опишува љубовта што се раѓа во секој човек.
Покрај овие две песни, на албумот ќе има уште шест различни теми што се снимени во нејзиното домашно студио.