Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Пејачката Софија Манева сними спот за темата „Тишина“, нов сингл од нејзиниот истоимен албум.
Режисер на клипот, кој е реализиран на повеќе локации во градскиот парк во Kавадарци, e Пепи Ангелов.
Во него се појавуваат и членовите на групата „Епидемија“ од Неготино.
Според планот, треба да биде готов до крајот на февруари. Фановите ќе може да го проследат преку дистрибутивната мрежа на OnAir.FM Macedonia - информираат од нејзината продуцентска куќа.
Манева неодамна се врати на сцената со албумот „Тишина“, кој го изработија музичари од Kавадарци.