Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Минатата недела режисерот на The Amazing Spider-Man, Марк Веб најави дека во новото продолжение ќе видиме нов, малку поразличен костум.
Како што вети Веб, костумот во новото продолжение ќе има поголеми очи и неколку промени во текстурата. Без сомнение, ова ќе биде костум кој досега најмногу наликува на оној Spider-Man од стриповите.
Колку за потсетување, во вториот дел на The Amazing Spider-Man, Питер Паркер (Ендру Гарфилд), продолжува да се бори со криминалот во градот и останува со неговата сакана, Гвен (Ема Стоун), не одржувајќи го ветувањето што го даде на нејзиниот татко. Работите се менуваат со појавувањето на новиот негативец Електро (Џејми Фокс) и на Хери Озборн (Ден Дихан).
Нови лица во вториот дел се Шајлин Вудли, Пол Џиамати и Фелисити Џонс. Премиерата на The Amazing Spider-Man 2 е закажана за 2-ри мај, следанта година.