Спејко и Тајзи помогнаа на здружението на епилептичари
06.04.2015 23:07
| KumanovoNews
Кумановчаните Дарко Петковски Спејко и пејачот Тајзи учествуваа во квизот Среќно семејство.

Освоениот износ од 61500 денари кои ги донираа на Здружението на граѓани за лица со епилепсија и родители на деца со епилепсија.
Ми беше чест и задоволство да се натпреварувам во име на „ЗДРЖЕНИЕ НА ГРАЃАНИ ЗА ЛИЦА СО ЕПИЛЕПСИЈА И РОДИТЕЛИ НА ДЕЦА СО ЕПИЛЕПСИЈА - ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИА“ заедно со Tyzee во квизот „СРЕЌНО СЕМЕЈТВО“ - напиша атлетичарот, а од неодамна и фотомоделот Дарко Петковски Спејко.
Од здружението во коментар на фотографијата истакнаа дека им е особена чест што ги претставувал вака победнички тим.