Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Со одлична забава и концерти на Кубано Сој и Тајзи, Алфи Техноцентар го прослави својот шести роденден.
Посетителите имаа можност да бидат дел од овој несекојдневен настан каде што освен роденденските попусти, присутните се забавуваа со гостите од Куба и домашниот пејач Тајзи.
Успејавме за овие шест години да направиме бренд кој е препознатлив низ целиот град. Нашиот паркинг брои 80 места и е целосно исполнет, а редица автомобили се паркирани надвор од просторот на Алфи Техноцентар. Оваа година роденденот е организиран на повисоко ниво во однос на минатите години, со целодневна журка, бина и професионално осветлување. Се надевам дека следните години ќе биде се подобро и подобро, а за 10 години Алфи Техноцентар ќе организираме голем концерт - изјави Филип Серафимовски, директор на Алфи Техноцентар.
Роденденските попусти ќе траат до недела, а за следниот период најавени се нови акции.
Следно што нашите потрошувачи можат да очекуваат е акцијата од светски ранг „Црн Петок“(Black Friday) каде сите производи ќе можата да се купат по многу ниски цени, а тука е и стандардниот новогодишен попуст. Од наредната година повторно ќе започнеме со организирање на наградни игри, и планираме да го зголемиме асортиманот на производи за 100% - додаде Серафимовски.
Девојките од Кубано Сој се погрижија жешкиот Јужноамерикански темперамент да го пренесат на присутните, ја размрдаа публиката од сите генерации, танцуваа со најмалите и не оставија никого рамнодушен со својот настап. Подоцна се придружија на концертот на Тајзи, заедно ја изведоа нумерата Амор по што паркингот пред Алфи Техноцентар целосно беше исполнет со посетители.