×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Спилберг ќе го снима "Американски снајперист"

    04.05.2013 08:43 | KumanovoNews

    Следниот филм на Стивен Спилберг ќе се вика "Американски снајперист" - екранизација на автобиографијата на маринецот Крис Рајли.

    Спилберг ќе го снима "Американски снајперист"

    Во февруари годинава Рајли беше убиен од својот пријател - воен ветеран Еди Рут, кој се покажал ментално нестабилен. Неговата автобиографија се задржува во листата на бестселери на "Њујорк тајмс" цели 15 недели. Во неа авторот е до болка искрен, за што заслужи пофалби од сите - од читатели до критичари.

    За време на мисиите во странство Рајли пукал во 160 лица. Во филмот тој ќе биде одигран од Бредли Купер. Спилберг, кој ги откупил правата на екранизацијата уште пред 2 година, сепак ќе биде само продуцент. Режијата најверојатно ќе му биде доверена на Дејвид Расел, кој работел на два пати со Купер.

    "Американски снајперист" е заеднички проект на киностудијата Warner Bros и DreamWorks. Снимањето на филмот почнува на пролет на 2014 година.