Споменик на Гоце Арнаудов во Струмица
21.11.2013 08:33
| KumanovoNews
Прерано починатата македонска фолк ѕвезда Гоце Арнаудов ќе добие свој споменик во својот роден град Струмица.

На 11ти декември, денот на Патронот на градот "Светите Тивериополски маченици" општината на градот ќе го постави споменикот.
Решението за споменикот висок 2м е дело на ликовниот уметник професот Митко Тошев.
На денот на патронот споменикот ќе биде поставен во градскиот парк во Струмица, спроти домот на македонската легенда.
Арнаудов почина на 6 декември 2011 година.