Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Обединетата српска заедница Куманово (ОСЗ), организира традиционална „Српска вечер“ на која ќе настапат музичките ѕвезди од Србија, Јована Типшин и Мики Меќава.
Прославата ќе се одржи на 13 јануари - Стара нова година во хотел „Лав“.
Ги повикуваме нашите сограѓани навреме да си купат карти, бидејќи бројот е ограничен, а постои голем интерес за прославата. Веруваме дека направивме добар избор на познати пејачи, кои ќе бидат причина повеќе граѓаните кои што ќе дојдат да си поминат незаборавна вечер, - изјави претседателот на ОСЗ, Часлав Јовановиќ.
Картите можат да се набават во просториите на Обединетата српска заедница на булеварот Октомвриска револуција, лок. Табакана. тел. 070/258-186, 075/630-836, 078/553-516.