Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Американскиот режисер и продуцент Стивен Спилберг ќе биде претседател на жирито на 66-от Филмски фестивал во Кан.
Американскиот режисер и продуцент Стивен Спилберг ќе биде претседател на жирито на 66-от Филмски фестивал во Кан.
За мене е голема чест и привилегија да го претставувам жирито на Фестивалот, кој неуморно покажува дека киното е светски јазик-изјави Спилберг.
Тој ќе го замени италијанскиот режисер Нани Морети, кој минатата година претседаваше со жирито на Канскиот фестивал.
Спилберг има претставено повеќе од своите филмови во минатотот, најчесто надвор од натпреварувачката селекција. Во 1974 година, тој ја доби нагарадата за сценарио за филмот „Sugarland Express“.
Филмскиот фестивал во Кан ќе се одржи од 15 до 26 мај.