Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Крис Гулибу е човек кој последниве 11 години постојано патува. Тоа е неговиот животен проект.
Крис бил буквално во секоја земја во светот. Па за сите оние кои сакаат да патуваат споделува што тој научил од овие годнини исполнети со безброј патувања:
Лекција 1: Километрите се за поминување исто како и животот
Сум бил скоро низ целиот свет без пари, или речиси без пари благодарение на мојата снаодливост . Километрите се само бројка и не ви вредат ништо ако не ги искористите.
Километрите во животот се само една алатка која ви овозможува да доживеете работи кои инаку не би ги искусиле, првенствено бидејќи се тешки, скапи или недопирливи, но километрите сами по себе немаат никаква вредност.
Ако имате километри, или пари или пак највредното нешто од се – време- искористете го. Потрошете го!
Лекција 2: Ако ги знаете сите трошоци поврзани со целта се е многу полесно
Познавањето на земјите кои постојат во светот, регионите и законите во врска со визите кои важат за секоја земја поединечно и другите пречки за патување, ми помогнаа целиот проект да стане возможен.
Посетата на една импозантна бројка од 50 до 100 земји вкупно ме чини 30 000 долари. Кога сфатив дека нема да биде ужасно скапо, барем кога тоа ќе се пресмета со бројот на години, бев одлучен да ја постигнам целта. Колку подобро беше разработен мојот план толку полесно ги остварував целите.
Лекција 3: Со искуството доаѓа и самодовербата
Мојата одлука не беше само едноставно извикување „Ќе ги посетам сите земји“. Пред да започнам со овој проект живеев во прекуокеанска земја и патував често, пред да се вљубам во патувањето. Откако поминав 50 земји, си реков дека ниту 100 земји не се доволни, па зошто да не отидам секаде?
Понекогаш луѓе кои не патуваат многу ме прашуваат за одредени земји кои планираат да ги посетат за првпат и некако посрамотено и срамежливо ме звучат, па потоа велат „знам дека не е ова ништо во споредба со тебе “
А јас секогаш им велам „Не, ова е одлично“ Кога ќе почнете да патувате за првпат тоа е многу важно. Бидејќи колку повеќе патувате толку патувањата ви стануваат поудобни.
Лекција 4: Скоро секогаш постојат повеќе начини за да се постигне нешто
Од моите патешествија низ светот разбрав дека секогаш постои начин. Замислете, бев во Пакистан без виза, само зошто патував низ различни земји и ги истражував можностите, што ми заштеди многу време, кое инаку ќе го потрошев чекајќи виза.
Лекција 5: понекогаш морате да дадете 10 долари плус
Јас по природа сум многу скржав човек. Дел од причината зошто патувам е бидејќи без пари можам да искусам многу работи. Но во одредени случаи морате да одлучите кои ви се приоритетите. Јас сум одел на дожд со торби во раце за да заштедам и да не платам такси, сум гладувал на аеродром бидејќи таму храната е прескапа, но подоцна сфатив дека сите тие лишувања направиле да се чувствувам уморно и болно и да не можам да уживам, затоа направив свое правило; секогаш плати 10 долари повеќе за свое добро.
Лекција 6: Луѓето секаде се различни
Понекогаш слушаме како луѓето секаде во светот се исти, јас сметам дека тоа е многу површен коментар. Луѓето се различни и тоа е добро!
Разликите кои постојат се причина зошто светот и патувањата се интересни.
Различните култури имаат различни вредности и различни начини на размислување за животот. Пред да отидам во Јордан, никогаш пред тоа не бев во земја каде Исламот е главна религија. Во Бутан, научив за будизмот, во Индија за хинду културата, всушност секоја земја, секој град е посебен.
Лекција 7: На некој начин светот се менува пребрзо... но на друг воопшто не се менува
Сакам да ја раскажувам постојано приказната на еден мој пријател кој го посети Авганистан. Во местото каде што тој бил сместен немало вода, но затоа интернетот и мобилната мрежа биле одлични. Се туширал со кофа, пред да ги објави сликите на facebook.
Насекаде во светот постојат многу луѓе кои живеат со помалку од 2 долари дневно, а понекогаш и со помалку од 1 долар. Вкупно 40% од популацијата во Суб Сахарска Африка има недостаток од чиста вода. Основната здравствена заштита и образованието сеуште се недостапни за повеќето луѓе кои живеат во руралните предели.