Мени

Summer End Festival во Куманово

21.08.2013 10:41 | KumanovoNews

Во сабота, 24 август, во кумановската Стара Бања ќе се оддржи фестивал кој ќе го одбележи крајот на ова лето.

Summer End Festival во Куманово

Настанот насловен како Summer End Festival нуди богата музичка програма, и ќе трае цели 12 часа, со почеток од 17:00 па се до раните утрниски часови.

Главна звезда на вечерта ќе биде еден од најпопуларните и најдобри македонски латино диџеи, Илија, додека домашната сцена ќе ја претстават Anna No.7, PriQue 'n' Bonzow, Александар Симоновски, Fildzi, Zarkoteach, додека настанот ќе заврши со техно сет на Никола.

Влезници за настанот може да се купат исклучиво на врата, и истите чинат симболични 50 денари.

Организаторите ветуваат одлична забава, и како што сами изјавија, ова е одлична можност за кумановци да се опуштат пред почетокот на школската година и испитните сесии.