×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • “Супер Месечина“’ за викенд ќе сјае на небото

    03.05.2012 14:06 | KumanovoNews

     Полна Месечина ќе сјае на небото во сабота, 5-ти мај, и тоа ќе биде најголема полна Месечина во 2012 година.

    “Супер Месечина“’ за викенд ќе сјае на небото

    Оваа “Супер Месечина“’ ќе се наоѓа на оддалеченост од 356.955 километри од нашата планета и ќе биде за 16 отсто посветла од просекот. Последната “Супер Месечина“ последен пат можевме да ја видиме не толку одамна, односно на 19-ти март, минатата година.

    Перигејот на Месечината, кога се наоѓа најблизу до Земјата, се поклопува со полната Месечина на 5-ти мај, па тоа истовремено ќе биде и момент кога некое небеско тело ќе биде најблизу до Земјата. Оддалеченоста на Месечината и Земјата варира за околу три отсто, што се случува затоа што Месечевата орбита не претставува совршен круг. За разлика од перигејот, на 28-ми ноември оваа година Месечината ќе биде на најоддалечената точка од Земјата, што се нарекува апогеј.

    Научниците велат дека нема причини за паника. На овој ден, секако, ќе дојде до пораст и намалување на плимата и осеката, бидејќи Месечината ќе делува со сила на привлекување поголема за 42 отсто во однос на моментот кога се наоѓа на оддалечената положба.