Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Суперхикс и Нокаут во сабота во Крива Паланка ќе настапат на музичката манифестација “Џои фест“.
Оваа година организаторите се одлучија на рок манифестацијата да гостуваат исклучиво домашни бендови. Ѕвезди на фестивалот ке бидат групите Суперхикс и Нокаут, а покрај нив ќе настапат Протагонист, Скајраис, Парпл Цепелин и други.
“Џои фест” ке се одржи на градскиот плоштад. Почетокот е закажан за 19 часот, а забавата ке трае до раните утрински часови.
Фестивалот се одржува трета година по ред.