Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Одкако минатата година ги видовме шестте бабушки кои ја фасцинираа публиката, оваа година Швајцарија ја испраќа групата „Хеилсарме“ во која свири 94 годишниот Емил Рамсуар.
Јас сум стар лонец, но сепак добар, благодарение на мојата драга жена. Уште живееме дома и дури имаме градина, уште многу работи можам да направам. Создавам музика со Армијата на спасот од десеттата година, свиревме во Британија во текот на војната. Секогаш сакав да создавам музика и свирев на различни инструменти. Значи, одиме во Шведска - вели Рамсауер за интервјуто објавено на интернет страницата на групата Хеилсарме.
Швајцарија последен пат победила на Евросонг во 1988 година кога ја претставуваше Селин Дион.