×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Шведска победи на Евровизија 2012

    26.05.2012 23:45 | KumanovoNews

    Во возбудлива завршница на годинешното издание на Изборот за песна на Евровизија, некаде околу полноќ во Баку Македонија со Калиопи и нумерата „Црно и бело“ стигна до 12-тото место на листата на која победничките поени ги доби нумерата „Еуфорија“ на Лорен, претставничката на Шведска.

    Шведска победи на Евровизија 2012

    Со 372 поени Шведска се избори за организирање на Изборот за песна на Евровизија 2013 кој ќе се случува на 14, 16 и 18 мај 2013 година. Од останатите 25 претставнички, најблиску во трката на крај се најдоа Бабушките од Русија со 259, и Жељко Јоксимовиќ од Србија со 213 поени.  

    После четири години Македонија се пласираше во финалето, каде Калиопи стигна до 13 место со освоени 71 поени исто колку и Романија која беше 11-та, а пред нас беа уште Азербејџан како четврти, после нив Албанија, Естонија, Турција, Германија, Италија, Шпанија и Молдавија како 11-та. 

    Македонија подобар пласман од овој имаше со освоеното 12-то место на Елена Ристеска со „Нинанајна“ во 2006 година во Грција. 

    Од вкупно 42 земји кои гласаа во финалето, за Македонија по 12 поени дадоа Босна и Херцеговина и Србија, 8-ки дадоа Албанија, Црна Гора, Турција и Хрватска, една 6-ка од Словачка, една 3-ка од Украина, две 2-ки од Белорусија и Бугарија и по 1 поен дадоа Словачка и Италија. 

    Македонија највисоките поени ги даде за Албанија (12), Србија (10) и Турција (8).