Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановската ѕвезда Тајзи вечерва по 21 часот, ќе настапи на Градскиот плоштад во Охрид, на манифестацијата „Бело лето“.
Оваа културно-забавна манифестација општина Охрид ја организира трета година по ред, со што се означува почетокот на сезоната. Пред почетокот на концертот, на малиот плоштад ќе се одржи промоција на традиционални охридски занаети. Во рамки на манифестацијата, угостителските објекти во градот ќе имаат неограничено работно време, а дел од нив ќе нудат и попусти.