Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Тајзи го промовираше новиот спот за песната „Мој живот, моја ствар“ на српски јазик на својот YouTube канал.
Видеото е во вид на стрип и е нешто ново кое за првпат го гледаме на нашите простори, а режисер на спотот е самиот Драган Величковски – Тајзи. Ова е 18-ти спот на македонскиот пејач, а Тајзи најавува уште 5 нови песни до крајот на годината.
Наскоро ќе ја слушнеме и соработката со Викторија Лоба, а во мај уште една соло песна на македонски јазик. По нив, пејачот ја најавува својата првата англиска песна која ќе излезе во јули. Неколку од песните се во соработка со Балкатон продукција од Србија, а сите се авторско дело на Тајзи и Роберт Билбилов со кој заедно најавуваат многу изненадувања на македонската музичка сцена, како и лето исполнето со настапи низ целата земја и регионот.
Автор на текстот за „Мој живот, моја ствар“ е Драган Величковски – Тајзи, додека музиката и аражманот се на Роберт Билбилов.
Директор на фотографија е Илија Зоговски, асистент Борис Јосифовски, а режијата е на Тајзи. Уживајте во продолжение.