Мени

Тајзи сними спот за неговиот починат другар

12.02.2014 14:51 | KumanovoNews

Кумановскио рапер Тајзи сними спот за песната "Чувај ни га боже", посветена на неговиот другар Игор Ѓелиќ-Ѓешо, кој минатата година загина во сообраќајна несреќа.

Тајзи сними спот за неговиот починат другар

Спотот за “Чувај ни га боже” се снимал три дена во Куманово, на стадионот на ФК „Карпош„  во истоимената населба и на вечното почивалиште на Ѓошо на Градските гробишта.

Спотот ќе биде прикажан за десетина дена а на него работеле Александар Пауновски, Александар Ивановски, Кристијан Теодоров, Бренсис, по сценарио и режија на Дарко Манасијески - Желе.

Музички продуценти на песната се Тајзи и Роберт Билбилов.