Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановецот Тајзи на 29 ноември, во Универзална сала во Скопје ќе го одржи својот прв концерт.
Неговото присуство на роденсенската забава во Техноцентар Алфи ја искористивме за да поразговараме како течат подготовките. Како и секогаш, одлично расположен и опкружен со многу обожавателки, за Кumanovonews го почнавме разговорот за новиот спот, кој излегува овие денови.
Спотот е за новиот сингл, „Дај ми само ден“. Текстот е мој, Iwayo ми е специјален гост, и продуцент на песната. Спотот го снимавме на повеќе локации во Куманово, а гости се моторџиите од мото клубот „Индианс“. Драго ми е што кумановци излегоа да го подржат својот кумановец за снимањето на овој спот. Искрено се надевам дека ќе ви се допадне.
„Моментот“, „Грев“, „Љубов“, „Регетон“, „Дими џам“, „Пишано е“, „Живеам за себе“ и уште малку „Чувај ни га Боже“ ќе направи милионски преглед што значи дека за некое време ќе имам 10 песни со над милионска гледаност што е голем успех. Чувството е фантастично, а тоа што ме прави посебно среќен е дека во последно време ме следат луѓе од други земји, на кои им се допаѓа мојата музика.
Подготовките се во тек и се е во најдобар ред. Понекогаш знае и да биде напорно, меѓутоа тогаш сум на слатки маки и сакам да биде така. Иако, има уште повеќе од две недели, со нетрпение го очекувам 29. ноември. Мислам дека ќе биде полна салата, се надевам дека ќе присуствуваат и голем број на кумановци.
Специјален гост на концертот ќе биде Слаткаристика. Ќе има и други, чии имиња засега недакам да ги откријам.
Во право сте. Оваа година имав над педесетина настапи и многу ми е драго кога ќе ја видиш публиката дека те почитува и ги знае твоите песни. Посебно ми е мило, кога ќе отидам надвор од нашата држава а таму ги знаат песните на кумановски дијалект како „Чувај ми га Боже“. Знаеме дека нашиот дијалект е неразбирлив и за луѓето од другите делови на Македонија, а не, пак, за тие од страна. Прв солиситчки концерт е нешто што веројатно сите музичари го посакуваат и сакаат да го остварат. Не сакам да звучам поинаку, сакам да дојдат сите што уживаат во мојата музика, да биде како што се моите песни, реални искрено и до срце. Јас ќе дадам се од себе публиката да си замине среќна и задоволна од Универзалната сала.
Нова песна ќе има после Нова година. Мислам дека е рано да зборуваме за нов албум, меѓутоа редовно работам на нови песни во студио. Во новата година со нови предзвици па ќе видиме како ќе испадне.