Тамбурашкиот фестивал идната недела
17.08.2012 08:14
| KumanovoNews
Осмото издание на Меѓународниот ттамбурашки фестивал во Куманово ќе се одржи од 23 до 25 август.

Фестивалот ќе започне со македонска тамбурашка вечер, а на програмата се оркестрите „Кумановски тамбураши„, „Ѓезме„ и инструменталистот Драган Даутовски.
На 24 август на т.н. босанска вечер ќе настапат КУД „Васа Пелагиќ„ од Бања Лука, Тузлански тамбураши и солистот Хаме Налиќ.
На последната словенечка тамбурашка вечер пред публиката ќе се претстават Прифарски музиканти и солистот Ладо Лесковар.