Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Младата поп пејачка, кумановката Мартија Станојковиќ ја промовираше новата песна и видео спот „Те сакам“.
„„Те сакам“ е балада која ја испеав за мајка ми, бидејќи безгранично ме подржува и ми помага во ова што го работам, исто како и целото мое семејство. Песната ја направивме пред една година, но сега беше моментот да ја промовираме. Автор е Александар Масевски. Ова е моја трета песна, затоа решивме да направиме видео спот кој ќе биде малку поразличен од останатите во Македонија. Се потрудивме и се надевам дека ја постигнавме целта и дека ќе и се допадна на публиката“, - изјави Мартија.
Спотот го изработи Мелем-продукција, а кореографијата е на Бојана од Студио Фјужн. Песната наиде на голема подршка од публиката и за неколку дена има над 40.000 посети на Јутуб.
Промоцијата се одржа минатата недела во хотелот „Мериот“ во Скопје, во присуство на голем број на гости од светот на музиката.
Мартија талентот го покажа на „Пинкови ѕвездички“, а го потврди на Детската евровизија во 2016 година.