×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Tелохранителот на Мајкл Џексон- татко на неговиот најмлад син

    28.04.2012 15:46 | KumanovoNews

    Некогашниот телохранител на починатиот крал на попот Мајкл Џексон, Мет Фидс покрена правна постапка за утврдување на татковство над десетгодишниот Бленкет, најмладиот син на Мајкл Џексон на кого полното име му е Принц Мајкл Џексон Втори.

    Tелохранителот на Мајкл Џексон- татко на неговиот најмлад син

    Фидс тврди дека во 2001, година дена пред раѓањето на Бленкет, Мајкл од него барал да донира сперма. 

    Ќе дадам свој ДНК примерок и ќе барам од семејството Џексон да дадат од Бленкет. Сакам право да го посетувам. Мајкл беше нивни татко, и јас тоа не сакам да го сменам, но го сакам своето дете назад во својот живот. Единствен начин тоа да се оствари е по правен пат. Мислам дека Бленкет е мој, но сакам доказ - рекол Фидс, пренесува порталот „Фимејл Фрст“. 

    Некогашниот телохранител рекол и дека Мајкл лично потврдил дека Бленкет е син на Фидс во ноември 2002. година.

    Седев со него и го прашав дали Бленкет е мој син. „Тој е мое дете Мет, но ја искористив твојата сперма“ - рекол Фидс и додал дека мајката на Мајкл, Кетрин (81), ги игнорира неговите повици бидејќи мисли дека го интересираат само пари.