×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Тиесто е најплатен Ди-Џеј

    07.08.2012 07:54 | KumanovoNews

    Тој го подигна техното на светско ниво и успеа да се наметне како еден од најдобрите, а сега е и најплатениот DJ. Минатата година, DJ Тиесто заработи повеќе од 14 милиони евра.

    Тиесто е најплатен Ди-Џеј

    Продуцентот чие вистинско име е Тис Вирвест (43) се најде на првото место, најмногу заради настапите во живо, за кои наплаќа и по 170,000 евра.Покрај парите, Тиесто е еден од најпопуларните DJ-и и на "YouTube" со околу 300 милиони прегледи на неговите видео клипови.

    Американскиот DJ - "Skrillex", кој ќе настапи на третиот фестивал "Warriors Dance" на Калемегдан, на 15-ти септември оваа година, е втор, со заработка од 10 милиони евра, а зад него е "Swedish House Mafia" со 9,5 милиони.

    На четвртото место се Американецот Стив Аоки (8 милиони) и Канаѓанецот "Deadmau5" (7,6 милиони) кој минатата година настапуваше на "Exit" фестивалот во Нови Сад.