Мени

Тијана Дапчевиќ ќе ја претставува Македонија на Евросонг

28.08.2013 16:06 | KumanovoNews

Македонија го доби својот претставни за изборот за песна на Евровизија кој следната година ќе се одржи во Данска.

Тијана Дапчевиќ ќе ја претставува Македонија на Евросонг

Од националниот радиодифузен сервис кој го испраќа македонскиот претставник денеска соопштија дека е одлучено наш претставник да биде Тијана Дапчевиќ.

Со оглед на фактот што има доста време за избор на песна и промоција на истата, Тијана најави дека очекува добар пласман и голем број на 12-ки од земјите на Балканот - Србија, Босна, Црна Гора и Хрватска каде што таа е доста позната.