Мени

Точно шест години без Тоше

16.10.2013 09:37 | KumanovoNews

На денешен ден пред точно шест години нашата ѕвезда Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајната несреќа кај Нова Градишка.

Точно шест години без Тоше

И оваа година 16 маратонци во чест на мегапопуларната ѕвезда Тоше, тргнаа од Нова Градишка на 13 Октомври во 6:20 минути, трчајќи по рутата на последното патување на Проески, за да стигнат денеска во Крушево на неговото вечно почивалиште.

Фановите на Тоше пред десет дена го организираа познатото "Ѕвездено небо", хуманитарниот концерт кој одбележуваше очно шест години од неговиот последен концерт.

Неговиот живот заврши во годината кога нарушуваше точно десет години од неговата успешна музичка кариера.

Тодор Проески објави седум албуми каде неколку од нив имаа и превод на српски и хрватски јазик.

Неговиот последен концерт беше одржан на Градскиот стадион на 5-ти Октомври во 2007 година, а последниот албум "Игри без граници" беше промовира две недели пред несреќата.