Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Актерот Том Круз официјално потврди дека во тек е снимањето на петтиот дел на филмот„Mission: Impossible“, но не откри детали поврзани за филмот, пренесува Digital Spy.
Тој повеќе се задржа на причините за снимањето на филмот.
Почнав да работам на Mission: Impossible надевајќи се на многу продолженија, тоа е лик со кој може да се каже дека пораснав-рече Круз.
Целата приказна почна во 1996 година, а по 17 години во реализација се очекува уште едно продолжение.
Во тоа време беше најскапиот филм на Paramount Pictures и првиот филм што го продуцирав, неверојатно е кога се гледа како публиката регира на филмот-додава актерот.
Тој не откри детали за содржината и локациите поврзани со новото продолжение, но изјави дека и покрај тоа што наполнил 50 години сè уште се чувствува добро кога снима акциони филмови.