Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во ноќниот клуб НА-МА, утревечер продолжуваат Стенд ап комедиите со Бојан Велевски од Скопје и Ефтим Трајчов Ѓаурски од Штип, во музичка придружба на кумановскиот бенд De Marble.
Во петок, настап ќе имаат Fill The Blank- најактуелниот скопски рок бенд со специфичен и интересен репертоар. Петочната забавата својата кулминација ќе ја доживее со кумановската група Ептен.
Во сабота, за прв пат во Куманово, во ноќниот клуб ќе гостува најпознатиот рапер Тони Зен, кој ќе приреди три часовен настап.
Викендот завршува Мартинија Кириловски кој во недела ќе ги забавува кумановчани. Кириловски на последниот Мак Фест го освои третото место од публиката со песната "Како да те украдам".